Нашите принципи
Вредности на Центарот
- Заштита на интересите на пациентот преку постигнување на висок квалитет на здравствената заштита со очекување на најдобар можен исход и оптимална безбедност на пациентите.
- Правичност и хуманост во обезбедувањето на здравствената заштита се постигнува со забрана на дискриминација врз основа на раса, пол, возраст, национална припадност, социјално потекло, вероисповед, политичко или друго убедување, економскиот статус, културата, јазикот.
- Достапност, рационалност, ефикасност и ефективност на пружање на здравствената заштита преку постигнување на најдобри можни резултати во однос на расположливата опрема, простор, стручен кадар, работната организација и постоечките финансиски ресурси.
- Континуирано подобрување на квалитетот преку реализирани мерки и активности кои се во согласност со современите достигнувања на медицинската наука и пракса.
- Тимска работа која се рефлектира во функционирањето на нашата институција како целина, во кој секој вработен е вреднуван со постојано унапредување на знаењата и вештините преку континуирана медицинска едукација и професионален развој.