Упатство
Кога се закажува преглед кај логопед
- Доколку постои сомнение за задоцнет говорно-јазичен развој кај вашето дете.
- Социјалното и емоционалното однесување на вашето дете отстапува од очекуваното.
- Вашето дете има неразбирлив говор.
- Вашето дете има проблем со изговорот на одредени гласови.
- Вашето дете има прекини во течното зборување и се сомневате на пелтечење.
- Доколку постои сомнение за слушно нарушување.
- Сакате да проверите дали вашето дете е спремно за упис во училиште и ви треба потврда.
- Доколку се работи за нарушена способност на комуникацијата кај возрасен по мозочен инсулт.
- Доколку се работи за нарушување на гласот или нарушена ларингеална функција.
- Кога е нарушена комуникацијата од различни причини кај деца, млади и возрасни лица.